По неговото скандалозно апсење, Дарко Лазиќ си ги спакува куферите и ја напушти Србија: Со една фотографија откри каде престојува (ФОТО)
Откако беше уапсен од сообраќајната полиција поради пребрзо возење, возење без возачка дозвола, како и позитивен тест за присуство на алкохол и кокаин, пејачот Дарко Лазиќ ја напушти Србија.
Дарко прозборе за медиумите и изјави дека и нарко тестот бил позитивен кога го запрела полицијата, а пејачот сега се огласи на својот Инстаграм профил и ги извести своите следбеници дека е во Цирих.
Дарко сподели фотографија од кафуле каде го поминува времето со својот пријател, а потоа и промоцијата на неговиот утрешен настап кој е закажан во клуб во Германија.
Да потсетиме, Дарко Лазиќ е уапсен поради повеќе сообраќајни прекршоци и е казнет со најмногу 200.000 динари, една година забрана за возење и 10.000 динари поради брзо возење, а иако бил позитивен на наркотици, пејачот тврди дека да не консумирал недозволени материи таа вечер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа