По голема пауза, Бијонсе започна светска турнеја

 

Една од најголемите светски ѕвезди, позната по својот неверојатен глас, ненадминатите хитови и награди со кои собори бројни рекорди, Бијонсе вчера ја започна својата светска турнеја која ќе се состои од четириесетина настапи.

Бијонсе ги остави сите без здив синоќа со организацијата, костимите и нејзиниот настап. Пејачката е во четириесеттите години, но тоа не ја спречи да им приреди шоу за паметење на своите фанови, а социјалните мрежи беа преплавени со коментари дека нејзините години не можат ништо.

Сепак, има и загрижени обожаватели кои тврдат дека изостана енергичната изведба полна со танцови потези што ги очекуваа од Бијонсе. Некои забележале дека пејачката не ги изведува движењата по кои е позната. На социјалните мрежи се појавија гласини дека тоа е резултат на операција на стапалото на која пејачката беше подложена пред неколку месеци, што таа никогаш официјално не ја потврди.

„Бијонсе не мрда со стапалото, ногата сигурно не ѝ закрепнала“, „Бијонсе танцува со половина нога“, „Изгледа дека е крајно внимателна со стапалото (веројатно лекарски совет)“, беа само дел од коментарите по синоќешниот настап на пејачката во Стокхолм.

12.05.2023 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега