По 39 години во кома почина францускиот фудбалер

Поранешниот француски фудбалер Жон-Пиер Адамс кој 39 години беше во кома почина на 73-годишна возраст.

Адамс беше примен во болница за операција на коленото во март 1982 година, но никогаш не се освести по докторска грешка при давањето анестезија.

Роден во Сенегал, дефанзивецот имаше повеќе од 140 настапи за Ница, а играше и за ПСЖ. 22 пати го носеше и дресот на Франција.

 

 

06.09.2021 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега