Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По 30 часа борба – Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка

    По 30 часа борба – Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка

    10.08.2026 во 10:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пожарот што во саботата избувна на градската депонија во Крива Паланка е целосно изгаснат, информираше командирот на Територијалната противпожарна единица, Иле Коцевски.

    Пожарот бил ставен под контрола во текот на вчерашното претпладне, но поради повеќето жаришта и создавањето запаливи гасови, екипите продолжиле со интервенцијата до доцните вечерни часови. Целосното гасење завршило околу 22:30 часот.

    Коцевски посочи дека пожарникарите речиси 30 часа непрекинато работеле на терен за да го спречат повторното разгорување на огнот.

    Дополнително, денеска на депонијата се очекува да бидат донесени околу 50 камиони со земја, со која ќе се покријат и натрупаат критичните делови од депонијата, со цел дополнително да се обезбеди просторот.

    Во интервенцијата, покрај припадниците на ТППЕ Крива Паланка, учествувале и вработени од ЈП „Комуналец“, а помош била обезбедена и од противпожарните единици од Ранковце, Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Крива Паланка.

    Во гасењето и санацијата биле вклучени и повеќе приватни компании од регионот, кои помогнале со обезбедување земјен материјал за затрупување на депонијата.

    Од ЈП „Комуналец“ информираат дека нивни екипи остануваат на терен и продолжуваат со дежурства на локацијата, за навреме да реагираат доколку повторно се појави чад или жариште.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот

    07.10.2026 во 23:30

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.