По 296 часа извлечени тројца преживеани во Антакија, меѓу нив има и едно дете
Три лица во Антакија се спасени откако поминале 296 часа под урнатините, јави турската новинска агенција Анадолија, додавајќи дека меѓу спасените има и дете.
По спасувањето, спасувачките екипи ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница.
Според последните податоци, повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати.
18.02.2023 - 11:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа