Пишек не била до сопругот кога починал: Медиумите од соседството ја откривааат нејзината локација
Сопругот на водителката Николина Пишек почина вчера на 44 годишна возраст, а тој во моментот на смртта се наоѓал во еден салон за масажа во центарот на Белград.
Николина во тој момент не била во Белград, бидејќи таа со години живее на релација Загреб – Белград, па така и вчера таа била во Загреб додека во Белград се случила трагедијата, пишува хрватскиот портал 24 часа.
За најголемата можна трагедија ја известиле најблиските, но и полицијата, па веднаш тргнала за Белград.
Видоје се чувствувал добро во текот на денот и не се жалел на никакви тегоби, се до непосредно пред смртта. Во текот на масажата почувствувал дека не му е добро, па му се пожалил на терапевтот, но веќе било доцна, бидејќи по неколку секунди се издишал и ги рекол последните зборови „не ми е добро“.
Според првите информации српските медиуми пишуваат дека тој добил инфаркт и дека починал на креветот за масажа вчера околу 10 часот утрото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа