Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Писателката Ксенија Николова стана магистер по вторпат: „Бариерите на жените во политичките лидерски улоги“

    Писателката Ксенија Николова стана магистер по вторпат: „Бариерите на жените во политичките лидерски улоги“

    06.04.2026 во 18:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Писателката Ксенија Николова денеска стана магистер по вторпат. Информацијата ја сподели на социјалните мрежи.

    „Денес официјално го одбранив мојот магистерски труд и ги заокружив моите втори магистерски студии на Факултетот за политички науки и дипломатија, со што се стекнав со академски назив, магистер по политички науки – меѓународна политика и дипломатија. Темата која ја одбрав за истражување е „Предизвиците и бариерите со кои се соочуваат жените во политичките лидерски улоги и влијанието на културолошкиот фактор”. Оваа тема длабоко ме интересираше поради повеќе причини, првенствено, поради дејствувањето на моето здружение и менторството преку кое работам со жените и им помагам да се запознаат подобро со помош на креативни концепти, како контент креатор чија публика се над 80% жени, но истовремено и како авторка која пишува за животот и се нурнува во многу општествени теми, а особено во оние кои се дел од реалната димензија на тоа што значи да се биде жена“, напиша писателката на социјалните мрежи.

    Дополнува дека за потребите на овој труд, решила да ја истражам темата што е можно подлабоко.

    „Па освен што се посветив на теоретскиот дел, се радувам што успеав да придонесам и со примарни податоци прибрани преку направени интервјуа со жени политичарки од разни политички патишта, од Македонија и од други земји. Им благодарам на прекрасните и инспиративни жени кои дадоа свој придонес и споделија со мене лични искуства од нивните политички кариери.

    Знаете, оваа тема е многу комплексна и потребни се постојани истражувања, разговори, анализи, но сметам дека на овој начин барем малку ја отвораме кутијата на вистината и полека се соочуваме со реалноста, а реалноста е дека културолошкиот фактор е двигател на секоја општествена промена, законските измени се само механизми за кои доколку културолошки не сме подготвени, ќе танцуваат на површината без трансформација.

    Крајно, посакувам да сфатиме дека иднината им припаѓа на визионерите и дека еден ден ќе зборуваме за лидери, а не за мажи и жени и дека стереотипите треба да се напуштаат и да се искоренуваат, во општеството, но пред сѐ во домот. Светот останува на новите хоризонти зад урнатите бариери, широки видици, широка иднина.

    Огромна благодарност до мојата менторка професорката @a.s.donchevski која ме охрабрува да се стремам кон што повисоко“, стои во објавата на писателката..

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.