Пирс Морган удри по Ѓоковиќ: Патетично разгалено детиште

Британскиот новинар Пирс Морган не беше импресиониран од однесувањето на Новак Ѓоковиќ по елиминацијата од Олимпијадата во Токио, нарекувајќи го светскиот број 1 „наводен шампион“ кој ги разочарал сите.

Ѓоковиќ, кој одеше на двоен златен медал во Токио, во сингл и во мешани двојки, на крајот си оди дома со празни раце, откако загуби во мечот за бронза од Пабло Карењо Буста, по што се повлече од мечот за бронза во мешани двојки, каде што играше со Нина Стојановиќ.

„Однесување како на патетично разгалено дериште од Новак Ѓоковиќ – кршење рекети, губење контрола и повлекување од мечот во двојки за да ја чини неговата партнерка медал. Ги разочара своите колеги, своите фанови и својата земја. Срамно однесување од наводен шампион“, вели Морган.

Ѓоковиќ исто така беше критикуван и за изјавата по повлекување на американската гимнастичарка Симон Бајлс, кога изјави дека на највисоко ниво мора да научиш да го изддржиш притисокот, за потоа да крши рекети во мечот со Карењо Буста.

02.08.2021 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа