На 23.10.2025 во 02:30 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.В.(41) од Куманово. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал Г.В. и при контрола констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта. 

На 23.10.2025 околу 14:30 часот на локалниот пат с.Бунеш-с.Ратавица, пробиштипско, Г.Т.(64) од с.Ратавица, управувајќи трактор со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Притоа, тој се здобил се повреди и е пренесен во Клиничка болница Штип. Додека, при преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека тој го управувал тракторот под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,49 промили алкохол во крвта. 

На 23.10.2025 околу 16:30 часот во с.Злетово, пробиштипско, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(36) од с.Злетово, излетало од патот. Притоа, тој се здобил се повреди и е пренесен во Клиничка болница Штип. Додека, при преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,51 промили алкохол во крвта.

Exit mobile version