Close Menu
Press24
    Најново

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди

    Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди

    23.10.2026 во 14:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка сообраќајна несреќа се случила во Виница вечерта на 22 октомври 2026 година, кога возач под дејство на алкохол удрил со возило во друго авто-моторно средство, по што го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.

    Според полициските информации, несреќата била пријавена во 20:45 часот во ОВР Виница. На крстосницата од улицата „Маршал Тито“ и улицата „Ленинова“ дошло до судир помеѓу патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.П. од Виница, и второ патничко возило „ауди“, исто така со винички таблички, што го управувал 24-годишниот П.П. од виничкото село Лески. По судирот, возачот П.П. заминал од местото на несреќата.

    Во инцидентот се повредени четири лица. Со тешки телесни повреди се здобил 58-годишниот Ј.П. од Виница, кој бил сопатник во првото „ауди“. Возачот Д.П., како и другите двајца сопатници – 39-годишната И.П. и Е.П. (54), се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле згрижени во Итната медицинска помош во Кочани и во Клиничката болница во Штип.

    По брза акција и преземени мерки, полицијата го пронашла и го лишила од слобода возачот кој бегал. При извршените алкотестирања, утврдено е дека тој управувал со возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени високи 1,82 промили алкохол во крвта.

    На местото на настанот увид извршила увидна екипа на ОВР Виница, а по целосно документирање на случајот, против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Прочитај повеќе

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.