Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од с. Бајрамовци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, „загрозување на сигурноста“ и „оштетување туѓи предмети“.

На 28.08.2026, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија, а по негово лишување оштетил дел од инвентарот во полициска станица.

По извршени проверки, било констатирано дека пријавениот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили во крвта.

Exit mobile version