До 18:00 часот попладнево, во земјава се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола и 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари:
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани – пожарот моментално е активен на територијата на Република Косово (шума);
Општина Струга: помеѓу селата Буринец, Локов и Селци (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, место викано Кајорец (борова шума);
Општина Кратово: Кратово (депонија);
Општина Босилово: помеѓу селата Моноспитово и Бориево (депонија);
Општина Велес: с. Кочилари – пожарот се префрлил на територијата на Општина Свети Николе, во с. Бекирлија (ниска вегетација и борова шума);
Општина Маврово и Ростуше: планина Бистра, месност Кириловец (пасиште и ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Горна Арнакија (нискостеблеста шума).
Пожари под контрола – 3:
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, месност Рамно на Скопска Црна Гора (мешана шума);
Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија


