Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петта жртва од западнонилска треска во Македонија: Почина пациент од Скопје

    Петта жртва од западнонилска треска во Македонија: Почина пациент од Скопје

    22.08.2026 во 15:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уште еден смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

    Починатиот е 73-годишен жител на скопско Долно Лисиче, кој имал тешка клиничка слика и сериозни придружни заболувања. Со овој случај, вкупниот број на починати од вирусот во државата порасна на пет лица.

    -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка, истакна Цана.

    Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 21 пациент, од кои кај 18 е потврдена невроинвазивна форма на вирусот, додека тројца се суспектни. Четири лица се во тешка состојба на интензивна нега.

    -Скоро секој ден по некој се хоспитализира и бројката на Клиниката е околу 20 до 21. Во тешка општа состојба се уште четворица пациенти, кои се лекуваат на Одделот за интензивно лекување, додека другите пациенти се сместени на Одделот за невроинфекции. Сите пациенти што се со тешка клиничка слика се во поодмината возраст. На Клиниката е хоспитализирано и помладо лице, од 25 години, рече Цана.

    Досега се излекувани и испишани вкупно 19 пациенти. Директорот објасни дека дури 80 проценти од инфицираните поминуваат без симптоми или со лесна слика и не бараат болнички третман.

    -На Клиниката за инфективни болести, сите пациенти за кои цело време зборуваме се околу еден отсто од вкупно инфицираните пациенти кај кои поодминатата возраст е клучен ризик-фактор. Кај сите пациенти е потврдена невроинвазивна форма на болеста. Секаде каде што имаме зафатеност на нервниот систем, се работи за невроинвазивна форма. Кај сите овие пациенти кои се хоспитализирани кај нас имаме потврдено акутно воспаление на мозокот и мозочните обвивки, без разлика дали се работи за помлад или постар пациент, кај сите што се хоспитализирани на Клиниката е потврдена таа невроинвазивна форма, како што медицински ја нарекуваме. Но кај помладите пациенти, нормално, исходот и текот на болеста, според сите досегашни студии и статистики, како кај нас така и во светот, е поповолен и тие полесно ја поминуваат болеста, потенцира директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.