Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Средбите во Вашингтон се потврда за зацврстување на партнерството со САД

    Петрушевски: Средбите во Вашингтон се потврда за зацврстување на партнерството со САД

    22.09.2026 во 20:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На телевизија Телма во емисијата „Директно“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека американската турнеја на македонската делегација сè уште трае, а конкретните резултати од посетата допрва ќе се сумираат и анализираат и посочи дека средбите во САД се значајни за продолжување и зацврстување на стратешкото партнерство, но и за претставување на македонските меѓународни позиции, барање поддршка и привлекување нови инвестиции во домашната економија.

    „Американската турнеја сеуште трае, така што ќе мора да ги сублимираме тие впечатоци, средби, да се изанализираат и да видиме што во конкретна смисла тоа ќе донесе, во онаа политичка смисла апсолутно посетата на нашиот стратешки партнер секогаш е битна од аспект да се продолжи стратешкиот дијалог и да се зацврсти партнерството, да се образложат нашите кредибилни меѓународни позиции, да се побара поддршка и да ја стави Македонија онаму каде што треба да биде, и нормално да побараме инвестиции во домашната економија и се она коешто ќе значи подобар живот на граѓаните“, рече Петрушевски.

    Петрушевски истакна дека средбите на македонската делегација во Вашингтон се потврда за интензивирање на стратешкиот дијалог со САД и ги посочи средбите со американските конгресмени, заменикот државен секретар Кристофер Ландау и државниот секретар Марко Рубио, како и фактот дека Македонија е првата европска земја што започнала стратешки дијалог со САД.

    „Факт е дека имаше средба премиерот со двајца конгресмени во оваа турнеја, имаше официјална средба со заменикот државен секретар Кристофер Ландау, сите ја видоа беше објавена, не знам дали ги задоволува естетските критериуми на Жерновски меѓутоа беше објавена таа официјална средба, имаше средба со државниот секретар Рубио на којашто напротив и од фотографиите се гледа срдечноста, сосем различна слика од она коешто генерално СДС се обиде да го направи меѓутоа тоа е очекувано од нивна страна“ посочи Петрушевски и додаде:

    „Она коешто е битно е дека ние сме во периметарот на оваа администрација за разлика од она коешто го слушавме претходно од СДС особено во делот на односот којшто го имаа кон оваа администрација и пред се кон претседателот Трамп пред да биде избран за втор мандат какви се изјави имаа, за да сега одеднаш бидат толку загрижени за односот, второ Македонија е прва од Европа која започна стратешки дијалог со САД и тоа е уште еден доказ за тоа колку оваа администрација на Трамп ја смета Македонија во периметарот или не“.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.