Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: СДСМ и Филипче шират лаги и сееа паника со дезинформациите за водата во Скопје

    Петрушевски: СДСМ и Филипче шират лаги и сееа паника со дезинформациите за водата во Скопје

    14.08.2026 во 11:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати обвинувања до опозициската СДСМ и нејзиниот претседател Венко Филипче за ширење дезинформации и создавање паника меѓу граѓаните во врска со безбедноста на водата за пиење во Скопје.

    Петрушевски истакна дека надлежните институции веќе ја демантирале веста и дека Министерството за внатрешни работи отворило истрага за утврдување на одговорноста.

    „СДС и актуелното раководство никако да почнат барем малку да личат како сериозна опозиција. Претседателот на СДС, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои ги остави тука, односно им дава насоки за ширење на дезинформации. Овој пат дезинформациите и лагите се од огромни размери, односно создадоа паника кај граѓаните на Скопје. Со последната лага дека водата во Скопје е небезбедна, Филипче и актуелното раководство на СДС си поиграа дури и со здравјето на граѓаните“, изјави Петрушевски.

    Тој додаде дека институциите соодветно и брзо реагирале на ваквите тврдења за да ја информираат јавноста.

    „Надлежните институции веднаш реагираа, ја демантираа веста со факти, а Министерството за внатрешни работи започна истрага кој е креаторот на хаосот и паниката. Институциите се на потег за расчистување на случајот“, нагласи пратеникот.

    Според Петрушевски, разликата меѓу актуелната власт и опозицијата е во односот кон граѓаните.

    „За разлика од актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која се грижи за граѓаните од секој аспект, СДС на Заев и Филипче очигледно е дека прават само штети. Ширењето на лаги и крерање на атмосфера на паника и хаос, како и одење на ексклузивни одмори се единствена работа која Филипче и актуелното раководство знаат да ја прават и тоа е нивна специјалност“, порача тој.

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ заклучи со апел до опозицијата веднаш да ги прекинат ваквите активности.

    „Филипче и СДС треба да прекинат со лагите кои во овој случај се и крајно сериозни. Час поскоро Филипче и СДС треба да сфатат дека овие нивни обиди за лаги и ширење паника им нанесуваат штета само на нив“, истакна Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.