Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри критики до СДС и нивниот претседател Венко Филипче, обвинувајќи ги дека наместо да бидат конструктивна опозиција, се фокусираат на изборниот процес во туѓи држави. Според Петрушевски, СДС покажува дезориентираност ликувајќи за резултати во Унгарија, додека нивните сестрински партии таму освојуваат само 1% од гласовите.

„СДС и Филипче наместо реформи и аргументирани критики, нудат само лаги и демагогии. Треба да се запрашаат зошто поранешните функционери бегаат од нив, а сегашните се дистанцираат од лојалистите на Заев“, истакна Петрушевски.

Тој додаде дека слабиот одзив на делегати на нивниот последен конгрес е јасен сигнал дека партијата се движи кон маргинализација.

Exit mobile version