Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

    Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

    26.07.2026 во 12:013 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче и раководството на опозициската СДСМ ги злоупотребуваат актуелните случувања исклучиво за сопствен политички профит, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Според неговите изјави, наместо опозицијата да побара одговорност од сопствените партиски кадри од локалната власт во Гостивар, таа одбира да дели лекции и да пласира неточни информации во јавноста. Од владејачката партија посочуваат дека последните тврдења за неисправност на водата во Валандово беа експресно демантирани од вонредните лабораториски анализи.

    Како што истакнува Петрушевски, инспекциите на терен го покажале и претходниот системски неажурност на опозицијата додека управувала со Валандово. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека државните органи во моментов целосно ја контролираат ситуацијата и ги спроведуваат сите потребни зафати за стабилизација на теренот.

    Од владејачката партија подвлекуваат дека бројот на хоспитализирани граѓани во Гостивар бележи пад, а во тек се завршните фази за целосно оспособување на водоводниот систем.

    Петрушевски директно го изнесе партискиот став за однесувањето на опозицијата и кризата во Гостивар:

    „Венко Филипче и актуелното раководство на СДС немајќи идеи што да прават ги користат актуелните настани за добивање само политички поени на нивна сметка, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. И скандалот во Гостивар каде токму тие со нивните партиски другари од ДУИ и Арбен Таравари се локална власт, наместо да ги погледнат своите редови и конкретно сега да побараат одговорност од градоначалникот, тие шират лаги и делат лекции.“

    Во однос на обвинувањата за квалитетот на водата во Валандово, пратеникот ги предочи резултатите од вонредните проверки:

    „Колку за илустрација, деновиве излегоа и со информација дека и водата во Валандово не била безбедна за пиење. Но, вонредните анализи покажаа нешто сосема спротивно од тврдењето на СДС. И не само тоа се виде и колку СДС кога биле власт во Валандово не работеле, односно дека во тој период не се правеле ниту редовните анализи на квалитетот на водата кои се прават два пати годишно.“

    Петрушевски упати апел до опозициската партија да не крева паника и ги објави точните рокови за враќање на питката вода:

    „Им порачуваме на СДС да бидат мирни, бидејќи во моментов надлежните си ги реализираат соодветно активностите, а за тоа говорат и фактите. Бројката на граѓани во Гостивар, кои бараат лекарска помош во здравствените установи се намалува, а деновиве граѓаните ќе имаат и технички исправна вода или вода која може да се користи за миење, санитарни потреби и одржување на домаќинствата. Кон крајот на следната недела пак, според проценки на надлежните треба да имаат и вода со соодветен квалитет за пиење. Тоа што е важно за граѓаните е дека се прават максимални напорни за стабилизиање на ситуацијата во Гостивар, а тоа што СДС се јавува со прес конференции на кои дели совети, а често и лаже треба да разберат дека е на штета на нив. Рејтинг не се прави со лаги!“

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.