Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски во Подгорица: Средба со Спајиќ за подобрена регионална поврзаност и евроинтеграции
    • Краделе ореви и бадеми – полицијата приведе тројца кавадарчани
    • Клековски на Здравствениот форум во Берлин: Најавени дигитализација од 50 милиони евра и регионална набавка на иновативни лекови
    • Инвестиција од 1 милион евра во Чаир: Во завршна фаза изградбата на новиот училиштен базен во ОУ „7 Март“
    • Се уште не им доаѓа памет – приведени 12 лица, возеле без возачка, со забрана и пијани
    • Полицијата ловеше возачи на велосипеди, мотори и тротинети – казнети 161 лице
    • Герасимовски: Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар
    • Падна пресуда: Доживотен затвор за Трајко Бојковски од Старо Нагорочане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски до Битиќи: Соживотот се гради со дела, а не со националистички говори

    Петрушевски до Битиќи: Соживотот се гради со дела, а не со националистички говори

    19.11.2025 во 14:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој упати критики кон говорот на Фатмир Битиќи, истакнувајќи дека неговото излагање  е националистички настроено, потенцирајќи  дека за разлика од него, тој е единствениот пратеник кој поднесувал амандмани за изградба на средно училиште во Куманово на албански наставен јазик и се залага за зачувување на меѓуетничкиот соживот во Куманово.

    „Досега никој не успеал ни во 2001 да го наруши меѓуетничкиот соживот во Куманаво, за тој натпревар за кој вие ме посочивте уште веднаш  излегов со осуда која вие овде не ја спомнавте на национални медиуми. Јас сум единствениот пратеник кој поднесуваше амандмани за изградба на средно училиште „Сами Фрашери“ во Куманово, на албански наставен јазик. Јас преку своето влијание во општината и преку кадрите кои беа на раководни и се на раководни позиции од ВМРО-ДПМНЕ направивме проект, обезбедивме средства и денес училиштето се гради.  После 1983-година гимназијата „Сами Фрашери“ ќе биде првото училиште кое ќе биде изградено во Куманово. Е така колега Фатмир Битиќи се гради соживот во Куманово, не со националистички говори, не со шовинистички говори, туку со дела видливи за сите граѓани“, рече Петрушевски.

    Пратеникот Петрушевски истакна дека пратеникот Битиќи го казнува спортот и прави злоупотреба за да добие политички поени, и посочи дека токму спортот ги воспитува младите во духот на заедништвото.

    „Спомнавте ваучер систем кој вие сте го вовеле, за тој има кривична постапка, треба да одговараат поранешни директори на Агенција за млади и спорт и поранешни пратеници од вашата пратеничка група. Испомешавте спорт и нешто што се случувало на трибините, не се казнува спорт заради однесување на поединци, тоа не е европско однесување, тоа е злоупотреба за ситни политички поени кои не ви поминуваат кај граѓаните. Во Република Македонија има јасен механизам за санкции и за тој настан кој го спомнавте и го осудив, има санкции, постапки и институциите си ја вршат работата на највисоко ниво за разлика од претходно. Токму спортот ги воспитува младите во духот на заедништвото“, вели Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    Николоски во Подгорица: Средба со Спајиќ за подобрена регионална поврзаност и евроинтеграции

    09.10.2026 во 15:49

    Јанев од Охрид: Регионалната соработка мора да прерасне во заеднички безбедносен центар против илегалната миграција и криминалот

    09.10.2026 во 14:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.