Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски по повод 23 Октомври: Наша обврска е да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава
    • Марта Кос на средбата со Сали: Направете уставни измени за да влезете во ЕУ
    • Мајкрософт создава AI доктор?
    • Путин ги отвори картите: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
    • Падна одлука: Забрана за социјални медиуми за деца под 15 години во Грција
    • Министерот за правда оствари средба со Варнс: Во фокус кривичното законодавство и дигитализацијата
    • Драма во Куманово: Нападнале и ограбиле постар маж, па го носеле во финансиско друштво да вади брз кредит
    • Гаши го честиташе празникот: Овој датум не потсетува на истрајноста и сопствената државност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петровиќ: Мицкоски да им се извини на културните работници за навредите

    Петровиќ: Мицкоски да им се извини на културните работници за навредите

    18.04.2026 во 14:341 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Петровиќ, на денешната прес-конференција упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, барајќи тој јавно да им се извини на уметниците и културните работници за, како што рече, упатените навреди кон нив.

    Според Петровиќ, незадоволството на културните работници поради Колективниот договор и барањата за повисоки плати, премиерот ги карактеризирал како „вулгарни и агресивни“.

    „Мицкоски се обиде да ги замолчи уметниците само затоа што бараат почитување на легитимниот и институционално потврден Колективен договор. За него сè е бизнис, а борбата за достоинствена плата ја нарекува вулгарна и агресивна“, истакна Петровиќ.

    Таа упати критики и до актуелниот министер за култура, Зоран Љутков, обвинувајќи го за лицемерие. Петровиќ потсети дека Љутков во 2019 година го бранел истиот тој договор како „визија за развој“, а денес, според неа, работи против него.

    „Колективниот договор беше донесен со одлука на Владата и со поддршка од сите релевантни институции, вклучително и Министерството за финансии. Наодите од Уставниот суд потврдија дека за овој договор се прибавени сите потребни документи“, додаде таа.

    Од СДСМ порачаа дека културата е темел на идентитетот и дека партијата цврсто стои на страната на културните работници во нивната борба за достоинство.

    Прочитај повеќе

    Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега

    23.10.2026 во 12:19

    Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно

    23.10.2026 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.