Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се преврте автобус со туристи – Страшна несреќа во Швајцарија
    • Ново училиште, проширена градинка и поддршка за младите: Паунов ги презентираше резултатите во Карбинци
    • Газдата на Авалон се извини – бев меѓу двајца полицајци, уморен и под стрес
    • Државата дава до 5.000 евра субвенции за автомобили: Се однесува на електрични возила
    • Казни до 200 евра за возење сам во лента за повеќе патници: Европа воведе паметни камери за контрола
    • Татко во Франција осуден на затвор откако се заканувал дека ќе обезглави наставничка
    • Рекордна цена на дизелот во САД: Американците плаќаат по 85 денари за литар
    • „Чувај се од мене“: Откриен мотивот за нападот во училиште во Загреб – вака започнало сè, трагедијата ја спречи чистачката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрова: Во Скопје нема политичка волја за Бугари во Уставот

    Петрова: Во Скопје нема политичка волја за Бугари во Уставот

    28.08.2026 во 11:152 Mins Read
    Screenshot
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова вели дека во Скопје нема доволно политичка волја за спроведување на договореното во европскиот компромис од 2022 година и оценува дека конфронтацијата и антибугарската реторика само го оддалечуваат процесот на евроинтеграција.

    Во интервју за бугарскиот дневен весник „Стандард“, Петрова потсетува дека во 2022 година била дел од тимот кој ја застапувал бугарската позиција пред Европската Унија и вели дека Софија успеала да ги убеди европските партнери да ја прифатат таа позиција.

    „Европскиот компромис од 2022 година беше огромен успех бидејќи беше поткрепен со категоричен меѓуинституционален консензус во Бугарија“, изјавила Петрова. Таа додава дека постигнувањето таков консензус било тешко и дека токму тоа, според неа, му дало дополнителна тежина на договореното.

    Петрова тврди дека Бугарија не поставува нови услови за Македонија и не бара ништо надвор од веќе утврдената европска рамка. Според неа, довербата меѓу двете земји може да се гради само преку исполнување на преземените обврски и конструктивен пристап во решавањето на отворените прашања.

    Таа ја критикува и актуелната реторика во односите меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека конфронтацијата не ѝ помага на Македонија на патот кон Европската Унија, туку води кон губење време.

    Во интервјуто Петрова го споменува и случајот со Ива Михајлова, оценувајќи дека односот на македонските власти во тој случај не остава простор за поголем оптимизам дека наскоро може да има посериозен напредок во односите меѓу двете земји.

    Прочитај повеќе

    Ново училиште, проширена градинка и поддршка за младите: Паунов ги презентираше резултатите во Карбинци

    11.09.2026 во 11:02

    Денеска ќе нема струја до 13 часот – ЕВН најави исклучувања

    11.09.2026 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.