Петков: Јас не сум го видел лично планот на Франција за Северна Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека лично не го видел планот на Франција за посредување за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

– Планот на Франција, јас лично не сум видел ништо црно-бело, рече Петков во одговор на прашање на  БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков додаде дека Бугарија отсекогаш била отворена и подготвена да разговара со сите европски партнери доколку имаат значајни предлози, но тие мора да бидат во рамковната позиција на Бугарија. Што и да се направи, според Петков, мора да се потврди преку рамковниот став на Бугарија, а да помине и низ бугарскиот Парламент.

Кирил Петков оваа изјава ја даде на врвот Околчица каде што денеска Бугарија го одбележува Денот на Ботев, со сенародно поклонение и помен на поетот – револуционер Христо Ботев, кој загина пред 146 години. Заедно со премиерот Петков беше и лидерот на бугарските социјалисти и вицепремиер Корнелија Нинова.

02.06.2022 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега