Петков го тужи Борисов за клевета, бара 250.000 евра отштета

 

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков го тужи лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов за клевета и бара отштета од половина милион лева или 250.000 евра. Како што вели, смачено му е да ги слуша лагите на Борисов.

„Поднесов предмет за клевета против Бојко Борисов за половина милион лева. Смачено ми е да ги слушам неговите клевети, лаги за посредници, за провизии. Овој човек веќе е осуден за клевета, докажан лажго. Време е да ги запрете овие лажговци со нивните валкани трикови“ изјави Петков, пренесе БГНЕС.

„ Апсењето на Борисов е само првиот чекор, ќе го завршиме по 2 октомври“, се закани Петков и нагласи дека случајот ќе се води се додека лидерот на ГЕРБ не биде осуден.

„ Жалбата е за тоа што Борисов рече дека сме земале гас од посредници и дека сме земале провизии“, рече Петков.

Петков објасни дека цената на гасот што била договорена била под 30 евра.

24.08.2022 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега