Пет лица повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево – Охрид

 

Пет лица повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево –  Охрид.

Според пријавеното ,на 05.08.2020 во 11.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево –  Охрид, помеѓу с.Издеглавје и с.Песочани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(34) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.Ќ.(51) од Скопје.

Во незгодата, М.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а Х.В.(23) од Куманово, сопатник во возилото „опел корса“, М.С.Ќ. и уште двајца малолетни сопатници од возилото „фолксваген пасат“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата “Св.Еразмо“ Охрид и Општата болница Охрид, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега