Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп до НАТО и Јапонија: Сами чувајте си ги танкерите во Ормуз или платете ни

    19.03.2026 во 20:03

    ПГ СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

    19.03.2026 во 19:55

    Пренџов: Од дијалог до резултат, усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство 

    19.03.2026 во 19:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп до НАТО и Јапонија: Сами чувајте си ги танкерите во Ормуз или платете ни
    • ПГ СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените
    • Пренџов: Од дијалог до резултат, усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство 
    • Алиу: Соработка со Меѓународен универзитет Визион со цел унапредување капацитетите во здравствениот систем
    • Хрватските војници евакуирани од Ирак по ескалацијата на конфликтот
    • Претседателот Трамп со директна наредба до Израел: „Му реков на Нетанјаху да не ги гаѓа нафтените и гасните полиња“
    • Енергетски земјотрес: Скокна цената на гасот по нападот врз Катар
    • Унгарија и Словачка не ги потпишаа заклучоците на Европскиот совет за Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пералната на Клинички не работи, вработените со месеци без плата

    Пералната на Клинички не работи, вработените со месеци без плата

    22.09.2025 во 17:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Веќе три дена пералната на Клинички центар не функционира, а вработените со месеци не добиле плата. Здравствените установи се снаоѓаат за чиста постелнина како знаат и умеат – дел од чаршафите се перат на други клиники, како Инфективна или Онкологија, но вработените реагираат дека тоа не е трајно решение. Објектот кој треба да обезбеди хигиена и заштита од интрахоспитални инфекции е во критична состојба и без минимални стандарди.

    Тоа го потврдил и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој утврдил дека пералната не ги исполнува санитарно-техничките условi.

    „Потребно е целосно реновирање на просторот и опремата. Се работи со застарени машини кои постојано се расипуваат“, изјавил Кирил Лазов, директор на Инспекторатот. Фирмата што ја менаџира пералната очекувала јавно-приватно партнерство, а за неисплатените плати посочува дека не добила средства.

    Од Заеднички служби велат дека е исплатен најголемиот дел од долгот кон фирмата.

    „Од 31 декември до денеска сме исплатиле 80 до 90 проценти од долгот, што е доволно за да им бидат исплатени платите на вработените“, изјави Башким Бакиу, директор на Заеднички служби.

    И Министерството за здравство најави дека проблемот ќе биде тема на владина седница.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.