Седумдесет и петгодишен кумановец бил приведен по физичка пресметка со 76-годишен сограѓанин, кој во инцидентот се здобил со тешки телесни повреди.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил околу 21 часот, по претходна вербална расправија меѓу Ц.К. (75) и Б.П. (76), двајцата од Куманово.

Неколку часа подоцна, во 22:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 75-годишниот Ц.К.

Повредениот 76-годишен маж бил пренесен на лекарски преглед, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version