Пендаровски по повод 7 мај: Довербата на граѓаните во државата, претставува доверба во нејзините институции

Довербата на граѓаните во државата, претставува доверба во нејзините институции. Безбедноста и сигурноста претставуваат врвен приоритет на секоја држава и секој поединец, порача претседателот Стево Пендаровски во пораката упатена по повод 7 Мај, Денот на полицијата.

-Дозволете на сите припадници на полицијата и на сите вработени во МВР да им посакам и понатаму посветено, професионално и истрајно да ја извршуваат својата задача и да ги штитат интересите на сите наши граѓани. Честит  7 Мај – Денот на полицијата, напиша Пендаровски во пораката.

07.05.2022 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега