Пендаровски: Гоце Делчев својот живот го подари на највисоката кауза за национална и социјална слобода

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 119-годишнината од неговата смрт.

Претходно, претседателот Пендаровски  напиша на својот Фејсбук профил дека македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев е светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи.
-Денеска одбележуваме 119 години од смртта на македонскиот револуционер и визионер #ГоцеДелчев.
Тој не е само апостол на македонската револуција, тој е светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи. Слава му!, напиша Пендаровски.

 

04.05.2022 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега