Пелоси: Путин најмногу се плашеше од Хилари Клинтон
Рускиот претседател Владимир Путин најмногу се плашеше од Хилари Клинтон, изјави Ненси Пелоси, поранешна претседателка на Претставничкиот дом на САД. Пелоси тврди дека Путин се вмешал во изборната кампања во 2016 година меѓу Клинтон и Доналд Трамп, бидејќи за разлика од него, таа се залагала за американска демократија.
Пелоси ги изјави овие тврдења во понеделникот на Факултетот за меѓународни и јавни односи во Колумбија додека држеше предавање за „глобалната политика, националната безбедност и падот на демократијата“, пишува „The Independent“.
„Нејзината јасност и однос кон Путин го натераа тој да води незаконска кампања против неа“, рече Пелоси.
„Хилари Клинтон беше личноста од која најмногу се плашеше, во однос на недостатокот на демократија во Русија.
Според медиумот, Клинтон загуби од Трамп и покрај тоа што имаше водство во анкетите на помалку од две недели пред денот на изборите. По претседателските избори и последователните наводи за мешање на руската влада, американските разузнавачки агенции заклучија дека руските компании ги таргетирале системите за регистрација на гласачите во најмалку 21 држава и украле лични информации од гласачите за да создадат негативен публицитет за демократските функционери, како и за Клинтон, пишува во написите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа