Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пеколен топлински бран ја парализира Европа: Итни предупредувања во 23 земји

    Пеколен топлински бран ја парализира Европа: Итни предупредувања во 23 земји

    23.06.2026 во 20:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Смртоносен топлински бран ја зафати Европа, а научниците предупредуваат дека во текот на оваа недела досегашните температурни рекорди не само што ќе бидат достигнати, туку и сериозно надминати. Ова е веќе втор екстремен топлински бран што руши рекорди во последните два месеца, со реална опасност националните максимуми на старите мерења да паднат уште пред почетокот на јули, кој традиционално важи за најтопол месец во годината. Ситуацијата е веќе критична во Франција, каде што дури 40 луѓе се удавија во изминатите неколку дена во очајни обиди да најдат спас и разладување од неподносливите горештини, што надлежните го опишаа како страшна пошаст.

    Во Шпанија живата во термометарот веќе ја надмина границата од 45 Целзиусови степени во провинцијата Андалузија, а речиси целата територија на земјата е ставена под итен метеоролошки аларм. Официјални предупредувања за екстремни температури во моментов се на сила во дури 23 европски земји, при што пет од нив се наоѓаат во највисокото, црвено ниво на опасност, а тоа се Германија, Франција, Шпанија, Швајцарија и Луксембург. Состојбата се влошува и на Балканот, каде што хрватскиот Државен хидрометеоролошки завод го подигна нивото на тревога поради бранот кој ќе се задржи до крајот на неделава и ќе продолжи во првата половина од следната, со посебен фокус на јадранскиот брег каде што во Сплит, Риека и Дубровник е прогласена многу голема опасност по здравјето на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.