Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пекол низ Македонија, над 30 степени уште во 11 часот – Попладне следи невреме

    Пекол низ Македонија, над 30 степени уште во 11 часот – Попладне следи невреме

    17.07.2026 во 11:162 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    УХМР ја измери темепратурата во 11 часот во градовите низ Македонија. Според податоците, најтопло е во гевгелија со 32 степени во 11 часот, по што следат Велес, Демир Капија и Кавадарци со 31 степени.

    Во Скопје претпладнево се измерени 30 степени.

    Најниска температура е измерена на Попова Шапка и изнесува 17 степени.

    УХМР најави дека времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

    Минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

    Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а попладне во делови од котлината се можни изолирани врнежи од дожд проследени со грмежи.

    Утринската температура ќе изнесува околу 20 степени, а дневната ќе достигне до 38 степени.

    Според УХМР, топлотниот бран ќе продолжи и во текот на викендот. Во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

    Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

    Во недела, според најавите на УХМР, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

    Минималната температура во недела ќе се движи од 13 до 22 степени, додека максималната до 40 степени.

    Со оглед на топлотниот бран кој ја зафаќа Македонија, ви препорачуваме да пиете многу течности, најмногу вода. Носете лесна и светла облека. Користете капа, очила за сонце, и заштита од сонце.

    Избегнувајте да излегувате од 11 до 17 часот, избегнувајте напорни физички активности на отворено.

    Особено внимателни треба да бидат децата, бремените жени и постарите лица.

    Топлотниот бран ќе продолжи и во текот на следната недела.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.