Патнички брод со 279 лица се превртел во близина на северниот брег на Кипар, по што била започната голема спасувачка операција.
Според локалните медиуми, бродот на компанијата „Filo Jet“ се превртел кратко по испловувањето од пристаништето Ѓирне, на околу два до три километри од брегот.
Патниците се искачиле на превртениот труп на пловилото, каде чекале помош и евакуација.
Во спасувачката акција се вклучени бродови на крајбрежната стража, хеликоптери, приватни пловила и бродови на други компании. На брегот биле распоредени и повеќе возила на Итната медицинска помош за прием на патниците.
Според досегашните информации, на бродот имало 279 лица. Турските медиуми јавуваат дека дел од патниците можеби се повредени, но засега нема официјални податоци за бројот на повредени, ниту информации за евентуални жртви.
Спасувачката операција продолжува.


