Четириесет и двегодишен затвореник починал вчера во кругот на Казнено-поправната установа Идризово, откако се качил на бандера и дошол во контакт со жица под електричен напон.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во 14:43 часот во СВР Скопје.

Н.И. (42) од село Тебреште се качил на бандера во внатрешното шеталиште на установата и се фатил за жица која била под струен напон, по што паднал.

На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, а лекар констатирал смрт.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил настанот.

Exit mobile version