Парламентот на Шпанија денеска изгласа Закон, со кој се забранува испораката на оружје на Израел, со цел да запре израелскиот геноцид врз Палестинците во Појасот Газа.

Законот е усвоен со 178 гласови „за“ и 169 „против“.

Законот предвидува итни мерки за поддршка на Палестинците, забранува секаков извоз на воена опрема, производи или технологии во Израел, нивниот увоз во Шпанија, го отфрла транзитот на авионско гориво со потенцијална воена примена и забранува рекламирање на производи „кои потекнуваат од нелегални (еврејски) населби во Газа и Западен Брег“.

Владата на Шпанија практично го спроведува ембаргото за оружје од октомври 2023 година. Владата на Израел го повлече својот амбасадор во 2024 година, кога Шпанија ја призна Државата Палестина.

Шпанија е една од најжестоките критичари во Европа на израелската воена офанзива во Појасот Газа, што уследи по нападот на палестинското движење Хамас врз југот на Израел на 7 октомври 2023 година.

Exit mobile version