Петар Ристески, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во синоќешната емисија Анализа на телевизија 24, каде се осврна на темата за лидерската средба која се одржа вчера, и на која присуствуваа лидерите на сите политички партии, освен СДС, а која беше свикана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата. Како што кажа тој, местото на лидерот на опозициска СДС беше исто така на таа маса, затоа што во државата е потребна конструктивна опозиција, а доколку СДС е сериозна партија, според него, нема да си дозволи да води ваква деструктивна политика.

,,Мене ми е драго што денес видовме конечно една ваква конструктивна средба, видовме кога сите лидери на параламентарните политички партии седнаа, освен СДС, на иста маса и покажаа дека во Република Македонија може да се отвори нормален дијалог, нормална дебата по важни политички и економски прашања. Мислам дека ова е вистинскиот начин, тоа го кажа и претседателот на Владата, дека овие средби ќе продолжат, ќе продолжи да се разговара по сите клучни прашања во државата“, истакна Ристески.

Тој смета дека многу е важно, тоа што сите лидери на политичките партии беа повикани на разговор, а местото на претседателот на СДС требаше да биде на таа маса доколку, како што вели Ристески, е сериозен лидер.

,,Местото денес на претседателот на СДС, ако е сериозна политичка партија и сериозен лидер, беше заедно на масата со сите политички лидери, да го искаже своето задоволство, незадоволство, да предложи законски решенија, како што тоа го направија и другите лидери на политичките партии“, посочи Ристески и додаде:

,,Сите политички партии, но и сите политички аналитичари, независни, кажаа дека на СДС местото денес беше на таа маса, бидејќи само СДС како сериозна политичка партија не смее да си дозволи ваква деструктивност“.

Exit mobile version