Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово околу 8 часот на Штаерскиот автопат во Словенија, каде по судир помеѓу комбе и цистерна избувна голем пожар. Автопатот е целосно затворен во двата правци помеѓу излезите Словенски Коњице и Словенска Бистрица Југ.

Мариборската полиција потврди дека возилата се запалиле веднаш по судирот, а на терен се бројни противпожарни екипи.

„Фотографиите објавени од словенечките медиуми покажуваат густ црн чад и возила во пламен, додека огнот се шири по целата ширина на автопатот“, пренесуваат локалните портали.

Засега нема официјални информации за бројот на повредени, ниту за причините кои довеле до судирот. Сообраќајот е во целосен прекин, а возачите кои се заглавени во колоните се повикуваат да формираат линија за спасување (итен коридор).

Exit mobile version