Сообраќајот на државните патишта низ Македонија утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од ЈП „Македонијапат“.

Според извештајот од 9 часот, најголемо внимание се препорачува на патниот правец Скопје – Тетово, каде поради магла видливоста е намалена од 100 до 150 метри.

„Сите патни правци се проодни. На одредени места, кои поминуваат низ засеци и клисури, можна е појава на поситни одрони“, соопштуваат од претпријатието.

Од „Македонијапат“ апелираат до сите возачи на внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и приспособување на брзината кон условите на патот.

Exit mobile version