„Парализирана сум“: Марија Шерифовиќ призна каков проблем има пред секој концерт

Во новото издание на емисијата „Амиџи шоу“ на ТВ Пинк, Огњен Амиџиќ беше домаќин на девојките од групата „Hurricane“, Марија Шерифовиќ и Ксенија Грбушиќ.

Во оваа прилика, водителот приреди изненадување за Марија Шерифовиќ, а нејзините најблиски пријатели и поставуваа незгодни прашања, кои целосно ја шокираа.

Прва во низата беше пријателката на Марија, пејачката Јована Пајиќ:

„Што те мачи секој пат пред концерт, дај им до знаење на луѓето дека не си од камен?“

-Имам дијареа пред секој концерт и поради тоа еднаш доцнев на концертот. Јас сум парализирана пред да почнам да пејам, тоа е тремор, парализа. Сите биолошки потреби тогаш ми се случуваат,  признава Марија.

27.04.2022 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега