Папата смета дека во Украина се води светска војна која нема брзо да заврши

 

Папата Франциск изрази уверување дека конфликтот во Украина е светска војна и дека нема наскоро да заврши.

„По третпат претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ми испраќа еден од своите советници за верски прашања. Во контакт сме, прифаќам, помагам“ – рече папата Франциск во интервју за шпанскиот весник „ABC“, а пренесува Танјуг.

Поглаварот на Римокатоличката црква изјави дека не гледа крај на конфликтот во Украина во догледна иднина, бидејќи, според него, тоа е светска војна.

„Неколку страни веќе се вклучени во војната. Има голем интерес“ – рече папата.

18.12.2022 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега