Папата се збуни- цитирајќи го рускиот лидер Путин, мислеше дека кажува цитат на Меркел

 

Папата Франциско го критикуваше неодамнешното вклучување на Западот во настаните во Авганистан како обид од надворешен фактор да наметне демократија. Цитирајќи го рускиот лидер Владимир Путин мислеше дека тоа е изјава на германската канцеларка Ангела Меркел.

За време на разговорот за шпанските медиуми, Папата беше прашан за новата политичка карта што се формира во Авганистан по повлекувањето на САД и нивните сојузници по 20 години војна.

Римокатоличкиот водач изјави дека одговорот ќе го даде со цитат од германската канцеларка, која ја опиша како една од најголемите политички фигури.

– Неопходно е да се запре неодговорната политика на наметнување на сопствените вредности на другите и да се обиде да изгради демократија во други земји врз основа на надворешни модели, притоа не земајќи ги предвид историските, етничките и верските прашања и целосно игнорирање на традицијата на луѓе – нагласи Папата.

Сепак, овие зборови ги изговори рускиот претседател за време на престојот на Меркел во Москва.

За време на состанокот на 20 август, Путин го критикуваше Западот за Авганистан, велејќи дека брзиот напредок на Талибанците ја покажал залудноста на нивните обиди да ја наметнат својата визија за демократија.

01.09.2021 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега