Папата Франциско: Некои црковни водачи се надеваа дека нема да преживеам

 

Папата Франциско рече дека некои луѓе во Католичката црква се надевaле оти тој нема да ја преживее неодамнешната операција на дебелото црево и ги осуди таквите, како што ги нарече, бучни конзервативни критичари за „ѓаволска работа“ кога ја поткопуваат Римокатоличката црква, објави „Ројтерс“.

„Знам дека имаше дури и состаноци меѓу некои црковни водачи, кои рекоа дека папата е во многу посериозна состојба од она што беше кажано. Тие се подготвуваа да изберат нов папа. Нека им биде. Фала му на бога, јас сум добро“, рече папата за време на неодамнешната посета на Словачка.

Папата беше на операција на 4 јули и помина 11 дена во болница.

Тој ја критикува главната католичка телевизија, која не ја именуваше, но оцени дека е цел на постојани вербални напади.

„Можеби ги заслужувам овие напади и навреди затоа што сум грешник, но црквата не го заслужува ова. Тие се дело на ѓаволот“, додаде тој.

МАКФАКС

21.09.2021 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега