Мицкоски патува кон Австрија со јасна цел - да ја забрза европската интеграција на Македонија
Во објава на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски потврди дека патува во Австрија за да учествува на важни европски настани и да се сретне со високи претставници на австриската влада. Целта на овие средби е да се зајакнат билатералните односи и да се поттикне европската перспектива на Македонија.
Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат, се вели во Фејсбук статусот на претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања. Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен. Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина, истакна Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа