Скопје:19-годишна девојка жртва на насилство од страна на таткото
Вчера во 21.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(43) од скопско село, поради тоа што претходниот ден (18.10.) околу 22.30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата сопруга и ќерка, а потоа и физички ја нападнал својата 19-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет.
За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
20.10.2024 - 15:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа