Папата Франциск порача: Хомосексуалноста е грев, а не е злосторство

 

Папата Франциск изрази уверување дека сите страни во војната во Украина би сакале да започнат дијалог, но никој не е подготвен на отстапки. Во ексклузивно интервју за американската новинска агенција АП, тој зборуваше и за хомосексуалноста, која ја нарече грев, а не злосторство.

Тој му оддаде почит на Бенедикт Шеснаесетти, велејќи дека го загубил својот татко. Тој исто така рече дека е во добра здравствена состојба за своите години, а зборуваше и за можно повлекување од функцијата, но го отфрли и регулирањето на улогата на почесен папа.

„Ако се пензионирам, ќе одам да живеам во свештенски дом во Рим и толку. Со други зборови, искуството на Бенедикт ја отвори вратата за новите папи кои се откажуваат да се вклучат во општеството на послободен начин, бидејќи тој сè уште беше роб, под наводници, на Папата, на визијата на Папата во системот“.

25.01.2023 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега