ВМРО-ДПМНЕ: Ги поставивме темелите за нова економска трансформација на државата

 


Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард на граѓаните, раст на платите и пензиите, отварање на нови работни места, привлекување на странски  инвестиции и инвестиции во општините, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со владата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија почнува да се трансформира, преку соодветни мерки најпрво се запре слободниот пад во економијата, економијата се стабилизира, а инфлацијата и трошоците за живот се намалија.

ВМРО-ДПМНЕ ги постави темелите за нова економска трансформација на државата и инвестира во општините.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи и ги реализира ветувањата пред граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развојот на општините насекаде во државата, во моментот се реконструираат три патни правци во општина Велес, а со новиот повик којшто ќе биде објавен преку Министерството за локална самоуправа отприлика нови 6 до 6.5 милиони евра ќе бидат проектите коишто ќе бидат финансирани во Велес.

 Се инвестира и во хидросистемите во земјата а по речиси тригодишен застој се пушти во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро.

Само во првите 4 месеци има повеќе нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања.

ВМРО- ДПМНЕ со своите мерки, постигна намалување на трошоците за храна и пијалоци за 5%, односно околу 1000 денари месечно, додека на годишно ниво тоа резултира со заштеда до 18000 денари за едно домаќинство, истовремено обезбедувајќи раст на платите и пензиите.

ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите наставниците и професорите за 5 % уште во октомври годинава и секоја година ќе растат со тенденција за раст од минимум 46 %  вкупно до 2028 година.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи и на проекти кои имаат стратешко значење за државата како коридорите 8 и 10 д.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има за цел Македонија да ја претвори во важна раскрсница во Европа и тоа енергетска, железничка и транспортна раскрсница“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

10.11.2024 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега