Ентеробактерија ништо не значи, тоа е најголемата фамилија на бактерии и ги има преку стотина видови, вели микробиологот Никола Пановски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Да ги спомнам само Ешерихија коли која сите ја имаме во огромни количини, Клепсиела која сите ја имаме, Протеус кој сите го имаме кај нас. И тоа имаме Ешерихија опасни, 99 отсто се неопасни, Салмонела, Шигела и можам да наредам уште 20. Така да Ентеробактерија и во чешмите значи дека немало доволно хигиенско работење, најчесто пренесено од рацете, неизмиени раце. И во водата, ентеробактерија, особено Ешерихија коли е индикатор дека може некоја и патогена да биде. Да кажеа „салмонела најдовме“, друг муабет ќе правевме“, изјави Пановски.

Процесот на инкубација, пред сè, кај салмонелата, додава Пановски, е од два до пет дена.

„Меѓутоа, треба да е жива бактерија. Во мусаката не може да има толкав број на живи бактерии, за да зарази толкав број на деца. Може да има само интоксикација од бактерии кои претходно биле од ендотоксин. Значи зависи што. Кога се работи за токсин, инкубацијата е од еден до пет-шест часови. Имаме три вода. Алиментарна интоксикација, кога се внесува готов токсин, излачен најчесто од габи во храна. Имаме алиментарна токсикоинфекција, каде што има токсин, но и живи бактерии се внесени. И таа почнува брзо, меѓутоа продолжува со инфекција која трае недела-две. И алиментарна инфекција, каде што минува најмалку еден ден, зависи од микроорганизмот, до пет-шест дена инкубација, каде што се јавува, почнува со инфекција. Најчесто не почнува со повраќање, како кај токсини, туку со дијареа, температура, итн.“, појаснува Пановски.

Exit mobile version