Пандов: ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш ја гледала Македонија во НАТО и ЕУ и до ден денес гледа кон Западот

Пред потпишувањето на Договорот со Бугарија јас имав огромен број на забелешки, исто така имам и сега. Македонија имаше еден таков договор со Бугарија и ни забележуваа како тоа ВМРО-ДПМНЕ потпишал таков договор. И тоа е договор скоро ист, само сега има една огромна забелешка или прифатено е да се ревидира историјата и тоа не е ништо ново, тоа не е ново барање од страна на официјална Софија, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов потсети на разните дискусии како онаа на советникот на претседателот Стево Пендаровски, професорот Денко Малески кој беше и прв министер за надворешни работи на независна Македонија кој отворено кажува дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари.

-Искрено, како никогаш до сега сум уплашен од ова што се случува, Македонија во корен е загрозена, или тие луѓе до толку се слепи и не гледаат или се заслепени од некои материјални добри. Ова е битка која само македонскиот народ и сите граѓани кои ја сакаат Македонија можат да ја спасат, Македонија само така може да се спаси, кажа Пандов.  

-Многу е фер и чесно да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ е прва партија која барала Македонија да е во НАТО, а и во ЕУ. Ниту во историското ВМРО, ниту сега гледа кон Исток. Секогаш ВМРО до ден денес гледа кон Запад. Ние сега зборуваме дека македонизмот е во корен загрозен, ако оваа пропаганда на Бугарија помине ние  сме готови како народ, рече Пандов.

Рече дека ВМРО-ДПМНЕ како партија, сама со протестот не може да го стопира ова што се случува, оваа пропаганда од Бугарија. 

-Зад зачувувањето треба да застанат сите Македонци, сите кои живеат тука кои се чувствуваат како Македонци. Со еден протест на ВМРО-ДПМНЕ свесни сме дека не може тоа да се случи, треба единство за ова прашање, кажа Пандов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега