Пандев сѐ уште не открива дали ќе продолжи со клупскиот фудбал: Прво да одморам со фамилијата, па ќе размислувам

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација сѐ уште не знае дали ќе ја продолжи клупската кариера, откако на репрезентативната стави точка со последниот натпревар на Европското првенство против Холандија.

Тој пред новинарите кои денеска ги пречекаа фудбалерите на скопскиот аеродром рече дека нема договор за следната сезона.

-Не знам, немам договор сега. Немам планови, сега да се одморам малку со фамилијата па после ќе размислувам после, рече Пандев, додавајќи дека нема желба да се впушти во тренерските води.

 

22.06.2021 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега