Пандев: Ова за мене е последен натпревар во дресот на Македонија

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев на официјалната прес-конференција во Амстердам пред утрешниот натпревар со Холандија дека ова за него ќе биде последен натпревар во националниот дрес.

„Да, ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Ова е крај на мојата кариера во репрезентативниот дрес. Не знам како ќе биде во Италија, но играње на два фронта, и во Италија и во репрезентативниот дрес е преголем товар и затоа дуелот со Холандија е дефинитивен крај. Мислам дека оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на репрезентативниот фудбал, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина, и сигурен сум знаејќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе не радуваат“ – истакна Пандев и додаде:

„Среќен сум што се збогувам на еден ваков начин, на едно големо натпреварување. Среќен сум што се повлекувам на ваков начин. Може да кажам дека подобро збогување од дресот на еден дуел против Македонија, на Европско првенство не можев и да посакам. Има емоции но знам како да се носам со нив. Среќен сум што Македонија играше на едно големо натпреварување и дај боже утре сето тоа да го заокружам со еден позитивен резултат“.

 

20.06.2021 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега