Поранешниот претседател на Кривичниот суд и судија во Одделот за организиран криминал, Владимир Панчевски, на Фејсбук реагираше на куќниот притвор кој му беше определен на Артан Груби, по апсењето на Блаце вчера наутро.
-Јас бев претседател на најголемиот Кривичен суд во државава, бев шеф на судскиот Оддел за организиран криминал, а како судија во тој оддел судев тешки криминалци, да не ги набројувам. Во Шутка ме ставаа и вадеа по налог на Зоран Заев три пати и ниту еднаш не побарав заштита или се повикав на мојата сигурност и безбедност! Македонија е држава со двојни стандарди. Ако не и негувателка, обезбедување и возило мајбах да му дадеме за проневерени милијарди на товар на граѓаните! В.Д обвинителката денес ја изгнаси својата обвинителска тога, после ова таа ли ќе биде Државен обвинител???, пишува тој во својот статус.


