Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паметни броила за секое домаќинство: РКЕ најавува нов енергетски систем во земјава

    Паметни броила за секое домаќинство: РКЕ најавува нов енергетски систем во земјава

    02.10.2026 во 09:30Updated:02.10.2026 во 09:311 Min Read
    ФОТО: Електродистрибуција
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Македонија наскоро треба да започне процесот за воведување паметни броила, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

    Како што посочува Ристов, РКЕ подготвува извештај до Владата по кој би требало да започне постапка за набавка и воведување на смарт броила во целата држава.

    Паметните броила треба да им овозможат на домаќинствата попрецизно да ја следат потрошувачката и цената на електричната енергија во различни периоди.

    „Да можете во секое време да знаете колку ви е цената на електричната енергија, колку имате потрошувачка, кога да вклучите, кога да исклучите“, објаснува Ристов.

    Технологијата, според него, би била особено значајна во услови кога се менува производството од обновливи извори и кога тарифите би можеле повеќе да зависат од времето на потрошувачката.

    На долг рок, паметните броила би можеле да бидат дел и од поширок систем во кој домаќинствата со фотоволтаици, батерии и електрични автомобили ќе можат поефикасно да управуваат со сопствената енергија.

    Прочитај повеќе

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.